Наполи оваа сезона игра фантастично, а еден од играчите кој остави најсилен впечаток е сигурно Квича Кварацхелија.
Кварацхелија е вистинско откритие на Серија А оваа сезона и се промовираше во вистински лидер на Наполи, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Грузиецот има ефект од 13 гола и 16 асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања, а Сити спрема понуда за него и сака да го доведе на „Етихад“.
Меѓутоа, Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.
Гвардиола е спремен да ја плати таа сума, па „граѓаните“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата.