Дома Фудбал Останато Лига Европа: „Џелатот“ на црвено-црните во тимот на колото

Лига Европа: „Џелатот“ на црвено-црните во тимот на колото

Во текот на вчерашниот ден беа одиграни натпреварите од првото коло во Лигата на Европа, а УЕФА денес го објави и тимот на колото.

Очекувано, во него нема ниту еден играч од редовите на Вардар, додека од редовите на противникот на македонскиот шампион, Зенит, место добија двајца фудбалери, Александар Кокорин кој беше двоен стрелец и играчот од средината Нобоа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Нападот на овој тим е предводен од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој постигна хет-трик во натпреварот против Австирја Виена.  Покрај Силва тука е и неговиот соиграч Хакан Чалханоглу, додека местото на левата страна во нападот му припадна на Алексис Санчез.

Друштво на споменатиот Нобоа во средината на теренот му прави и Емре од турски Басакешир. Потоа одбраната ја сочинуваат Собол (Славија Прага), Љоренте (Реал Сосиедад), Елез (Ријека), Сакаи (Марсеј).

За голман на колото беше избран Херерин од Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ристовски распали по судиите: Да живее Тито!

Екипата на Сараево со жестока реакција излезе по дебаклот од Борац во Бања Лука (1-5) во р…