Дома Фудбал Италија Само што се врати од повреда: Јувентус го казни Погба!

Само што се врати од повреда: Јувентус го казни Погба!

Долго време беа во исчекување навивачите на Јувентус на враќањето на Пол Погба во тимот, а кога пополека почна да се враќа на обврските дојдоа нови проблеми.

Погба се повреди уште на припремите по доаѓањето од Манчестер Јунајтед и не играше се до натпреварот од пред две кола со Торино. Во градското дерби го запиша своето второ деби за „старата дама“, а доби минутажа и во второто полувреме против Рома.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се очекуваше попоплека Алегри да му дава се поголема минутажа, но вечерва против Фрајбург (21:00 часот) нема да настапи и тоа затоа што е казнет.

Имено, италијанските медиуми потврдија дека Погба бил казнет од Алегри затоа што задоцнил на вчерашниот попладневен термин.

Повеќе детали не се откриваат и би требало да биде на располагање за следниот натпревар во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игор Ангеловски поднесе оставка – повеќе не е тренер на Етникос Ахна

Македонскиот тренер Игор Ангеловски остана без ангажман, откако реши да поднесе оставка од…