Дома Фудбал Останато УЕФА ќе потроши околу три милиони евра на навивачите на Ливерпул

УЕФА ќе потроши околу три милиони евра на навивачите на Ливерпул

УЕФА објави дека ќе им ги врати трошоците за билетите за минатогодишното финале во Лигата на шампионите во Париз на оштетените навивачи на Ливерпул.

Оваа одлука која УЕФА ќе ја чини милиони евра е само уште една потврда на одлуката на независниот Панел дека УЕФА како организатор на натпреварот е единствениот виновник за се што се случуваше пред и по тој натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Зедовме предвид бројни ставови и изјави искажани јавно и приватно и сметаме дека најдовме начин кој е прифатлив и праведен да ја решиме оваа ситуација.

Ја цениме помошта на организациите на поддржувачи на Ливерпул Spirit of Shankly и Здружението на поддржувачи на хендикеп во Ливерпул, како и отворениот и транспарентен дијалог што се одржа во овој период.

„Ги разбираме негативните искуства на навивачите од тој ден и решивме да им ги вратиме парите на сите навивачи кои купија билети и кои беа најмногу погодени од целиот настан пред стадионот“, стои во соопштението на УЕФА.

Така УЕФА ќе ги врати парите за 19.618 влезници. Навивачите платиле околу 70 евра за најевтиниот од тие билети, а најскапиот чинел 690 евра. Отприлика, рефундирањето на УЕФА ќе чини околу три милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…