Дома Фудбал Останато Одложен натпреварот помеѓу Арсенал и Келн, позната и причината!

Одложен натпреварот помеѓу Арсенал и Келн, позната и причината!

Арсенал и Келн вечерва во 21:05 требаше да го започнат натпреварот од првото коло во групната фаза на Лигата на Европа, но почетокот на овој дуел е одложен за еден час, па натпреварот би требало да започне во 22:05.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, главната причина на одложувањето е тоа што навивачите на Арсенал беа принудени да чекаат за влегувањето на „Емирати“, поради големиот број на навивачи на Келн.

Организаторите наидоа на големи проблеми, кога, наводно, 30,000 навивачи на Келн тргнаа кон портите на стадионот. Навивачите на Арсенал мораа да бидат запрени, за пред нив, на трибините на „Емирати“ први да се сместат навивачите на германскиот тим.

Сепак, огромен број на навивачи на Келн, очигледно, ги изненадија работниците на „Емирати“, па дојде до целосен прекин. Трибините на „Емирати“ се сега речиси празни, а за навивачите кои брзаат кон натпреварот да не создадат гужва и да ја загрозат безбедноста на оние кои сакаат да го гледаат натпреварот, одлучено е натпреварот да започне во 22:05.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ искрен пред натпреварот на Шведска: Изгледаат застрашувачки!

Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, ги најави вечерва дуелот помеѓу Франциј…