Taжен крај имаше потрагата по напаѓачот на Хатајспор, Кристијан Атсу.
Кристијан Атсу беше исчезнат во земјотресот, а утрово е потврдено дека неговото безживотно тело е пронајдено под урнатините. Информацијата сега ја потврди неговиот агент.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Безживотното тело на Атсу е пронајдено под урнатините. Во ов ој момент се собираат неговите работи, пронајден е и телефонот“, објави неговиот агент.
Претходно, неколку дена по земјотресот се појави информација дека Атсу е пронајден жив и хоспитализиран, но еден ден подоцна таа информација беше демантирана.
Атсу имаше 31 година, а играше за Порто, Рио Аве, Челзи, Витесе, Евертон, Борнмут, Малага, Њукасл, Ал Ријад и Хатајспор. За репрезентацијата на Гана одигра 65 натпревари и постигна девет голови.