Менаџерот на Манчестер Сити се пожали дека има најкратката клупа во Премиер лигата.
Сити синоќа го победи Астон Вила и се приближи до лидерот Арсенал, а Гвардиола се жали дека на располагање има мал број на фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаме само 18, 19 фудбалери. Нашата длабочина во тимот е толку мала, можеби најмала во целата Премиер лига“, изјави Гвардиола.
„Важно е да немаме повреди, но имаме неверојатна методологија на тренинзи за да се справиме со уморот и повредите. Имаме неверојатни лекари, физиотерапевти. Се борам со сето ова многу години“, изјави Гвардиола.
Сити се доближи на само три бода пред нивната меѓусебна пресметка со Арсенал во среда.
„Арсенал има натпревар помалку. Ќе видиме што ќе биде кога ќе заврши Премиер лигата. Одиме во Лондон да победиме. Кога еден тим има 50 поени по првиот дел, тоа е затоа што е многу добар тим. Ние го намаливме заостанувањето затоа што играта против Астон Вила беше многу добра“, додаде Гвардиола.