Дома Фудбал Останато Чешки репрезентативец јавно призна: Јас сум геј, сакам да живеам слободно

Чешки репрезентативец јавно призна: Јас сум геј, сакам да живеам слободно

Познатиот чешки фудбалер ги изненади сите со своето денешно признание дека е хомосексуалец.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Чешка, Јакуб Јанкто јавно во видео изјава на својот Инстаграм профил соопшти дека е геј. Во овој момент тој настапува за Спарта Прага како позајмен играч од шпански Гетафе.

„Здраво, јас сум Јакуб Јанкто. Како и сите други имам добри и лоши страни. Имам семејство. Имам пријатели, ја имам најдобрата работа која ја работам професионално и страствено со многу сериозност. Како и сите други, така и јас сакам да живеам слободно. Без стравови, предрасуди и насилство. Јас сум хомосексуалец и не сакам повеќе да се кријам“, зборува чешкиот интернационалец во видеото.

И во минатото имаше случаи фудбалери да се декларираат како хомосексуалци, но тоа во главно го правеа откако ќе им завршеше кариерата. Јанкто дефинитивно е најзвучното име кое признава дека е хомосекусалец и тоа на само 27 години.

За репрезентацијата на Чешка, Јанкто одигра 45 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пристигна понуда која би можела експресно да го „избрка“ Нико Паз од Реал Мадрид?!

Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид ова лето, но би можел експресно да замине назад во …