Дома Фудбал Останато Повторно провокација од Бугарите: Срам ми е што бугарска провинција – Македонија, има таков стадион, а ние не

Повторно провокација од Бугарите: Срам ми е што бугарска провинција – Македонија, има таков стадион, а ние не

Многу често од Бугарија во последниот период слушаме провокациски изјави и на спортски план, па така сега уште еднаш во таква насока се истакна претседателот на Славија Софија, Вецислав Стефанов.

Стефанов се огласи пред натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија кој се одигра во Разград, меѓутоа не е јасно од каде е неговата мотивација сега да испраќа нови провокации.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Која е бре таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри“, изјави тогаш Стефанов.

Сега тој Македонија ја нарече провиција на Бугарија додавајќи дека му било срам што ние имаме многу подобар стадион од нив.

„Срам ми е што Македонија која е бугарска провинција има стадион за фалење и покажување, а ние треба да се чудиме и да објаснуваме зошто немаме таков стадион. Треба еден човек да застане и да каже дека ќе се гради, целото општество ќе го благословува“, изјави Стефанов во делот каде што ја испраќа провокацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…