Дома Трансфер зона Трансферот се поблиску: Заниоло ги закажал медицинските прегледи

Трансферот се поблиску: Заниоло ги закажал медицинските прегледи

Како што стојат работите, Рома и Галатасарај се во финални преговори за Николо Заниоло и турскиот гигант веќе ги договорил личните услови.

Заниоло одби да го продолжи договорот со Рома, а потоа не сакаше да ја прифати понудата од премиерлигашот Бормут, сепак кажал „да“ на онаа од Галатасарај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Италијанецот нема премногу опции затоа што трансфер пазарот во најсилните првенства е затворен, додека во Турсија се уште е отворен.

Ако остане во Рома нема да игра до крајот на сезоната, па затоа и Галатасарај сега е прифатлива опција. Двата клуба се во финални преговори и станува збор за сума од околу 22 милиони евра, меѓутоа се преговара и за бонусите.

Личните услови фудбалерот веќе ги договорил, а клубот закажал и медицински прегледи, па се чека залено светло од Рома и тоа наскоро би требало да го има. Најавите се дека платата на Заниоло ќе изнесува 3.5 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…