Дома Македонски спорт Oгромен скок: Калин напредуваше за 30 позиции на АТП листата!

Oгромен скок: Калин напредуваше за 30 позиции на АТП листата!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски и оваа недела напредуваше на АТП листата и тоа многу повеќе од минатата. Од денес Калин 504. тенисер во светот и со тоа напредуваше за дури 30 позиции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последните две недели Ивановски настапи на два турнири во Монастир, Тунис. На првиот стигна до финалето, а на вториот до полуфиналето.

Со оглед на формата со која игра многу очекувано е Ивановски да напредува и под тоа 500-тото место. Треба да се нагласи дека ова 504-то место е негов најдобар пласман во кариерата.

На врвот и оваа недела Ѓоковиќ е лидер, потоа следат Карлос Алкараз и Стефанос Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…