Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски стигна до нов триумф на турнирот во Тунис откако денес со убедлива игра и 2:0 во сетови беше подобар од Олаф Пејчковски.




Ивановски до победата дојде така што загуби само три гема од полскиот тенисер (6:2 и 6:1) и уште еднаш покажа дека игра во одлична форма.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Противник на Калин во четвртфиналето ќе му биде Французинот Артур Букуле.




Ова е втор турнир за Ивановски во краток период во Тунис откако во неделата играше финале во кое беше поразен во три сета (1:2). Сега на овој турнир е прв носител и фаворит за освојување.



