Хаким Зијех е најголем губитник во јануарскиот преоден рок бидејќи поради технички проблеми му пропадна трансферот во ПСЖ.
Зијех беше во Париз, ги мина лекарските прегледи и се беше спремно за потпис, но поради проблеми со документацијата која ја испрати Челзи, неговиот трансфер пропадна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мароканецот се врати во Лондон, но не сака да ја грее клупата на Челзи до крајот на сезоната, па може да се пресели во Турција.
Во Турција преодниот рок е се уште отворен, а Бешикташ и Фенербахче покажуваат сериозен интерес за него.
Двата клуба го сакаат на позајмица до крајот на сезоната и ќе се обидат да се договорат со Челзи.
🚨🔥 #Besiktas and #Fenerbahce are actively trying to sign Hakim #Ziyech. ✍️
— Rudy Galetti (@RudyGaletti) February 2, 2023
📌 The 🇲🇦 player has a high salary, but both 🇹🇷 clubs are working to find a solution with #Chelsea: evolving situation. 🐓⚽ #Transfers #CFC pic.twitter.com/Tl2SVr3XTM