Дома Тенис Надал му честиташе на Ѓоковиќ: Неверојатно достигнување

Надал му честиташе на Ѓоковиќ: Неверојатно достигнување

Рафаел Надал му честиташе на Новак Ѓоковиќ на освоената, рекордна, десетта титула на Австралија Опен.

Србинот и Шпанецот имаат две титули повеќе од Роџер Федерер кој се пензионираше, а Надал на Инстаграм му честиташе на големиот ривал Ѓоковиќ.

„Неверојатен успех Ноле. Искрени честитки до тебе и целиот твој тим. Апсолутно заслужено, уживај“, напиша Надал на Инстаграм.

Ѓоковиќ со триумфот во Мелбурн ја освои својата 22-та  Грен слем и го израмни рекордот на Надал, а од денеска се врати на чело на АТП ранг-листата. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…