Дома Трансфер зона Јувентус во Арсенал ја најде замената за Мекени

Јувентус во Арсенал ја најде замената за Мекени

Јувентус е силно заинтересиран за белгискиот играч за врска, Самби Локонга, кој минатото лето се пресели во Арсенал.

Локонга го загуби местото во првиот тим кај Артета и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


23-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и Алегри сака да го донесе во јануари.

Јувентус го стави Мекени на продажба и Американецот е пред трансфер во Лидс, а „старата дама“ во Локонга гледа идеална замена.

Белгиецот оваа сезона за Арсенал запиша само 12 настапи и инсистира да му биде дозволен трансфер во Јувентус.

„Старата дама“ го сака Локонга на позајмица со право на откуп на лето за 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…