Дома Останати Тенис Победа за Калин на стартот од турнирот во Тунис

Победа за Калин на стартот од турнирот во Тунис

Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски успешно го стартуваше турнирот во Монстаир, Тунис каде што забележа победа од 2:0 против Лукас Палович од Словачка.

Ивановски првиот сет го доби со 6:4. Одлучувачкиот момент во овој сет се случи во 10-тиот гем кога Калин го одзема сервисот на противникот.

Вториот сет донесе многу подобра игра на нашиот тенисер и сосема заслужено дојде до победата. Павлович во овој сет освои само два гема.

Противник на Ивановски во следното коло на турнирот ќе биде 688. тенисер на АТП листата, Мароканецот Адам Мундир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…