Дома Фудбал Останато Уапсен селекторот на Северна Ирска!

Уапсен селекторот на Северна Ирска!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О’Нил е уапсен во Единбург поради возење во алкохолизирана состојба.

Шкотската полиција го приведе О’Нил во неделата, два дена после натпреварот на Северна Ирска против Норвешка во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Фудбалскиот сојуз на Северна Ирска соопшти дека се свесни каков инцидент направил 48 годишниот стручњак, но не сакаа ништо да коментираат и се оставија во рацете на полицијата.

О’Нил кој ја води селекцијата на Северна Ирска повеќе од пет години ќе мора да се појави пред судот во Единбург на 10 октомври.

Да потсетиме, токму тој ја предводеше оваа репрезентација историскиот успех и минатогодишниот пласман на Европското првенство во Франција, каде што стигнаа до осмина финалето, а местото на Мундијалот во Русија ќе го бараат преку баражот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар му помогна на Кутињо, плати два милиони евра! Со солзи во соблекувалната, се откажа од 10.000.000 долари и потпиша за големиот ривал!

Филипе Кутињо, кој некогаш беше еден од најбараните фудбалери, официјално пронајде нов клу…