Во Хрватска се започна нов процес и тоа против селекторот Хрвоје Хорват, јавноста и дел од ракометните легенди во оваа земја бараат заминување од Хорват поради неговото срамно однесување против Бахреин.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватска го победи Бахреин, но не доволно убедливо за да игра четвртфинале и Светското првенство ќе го заврши на деветтото место.




Хорват по овој натпревар во разговорот со новинарката прво испраќаше срца, а потоа гестикулираше дека одговара на прашањата.




Најдиректен во критиките беше Петар Метличиќ.




„Како што ние велиме во Сплоит: Цвеба, време е! И сите што те донесоа овде, време. Селектор со вакво однесување…




Ќе се лутиме ако погрешил или не, но неговото однесување беше неприфатливо“, изјави Метличиќ.