Според италијанските медиуми до крајот на јануари може да се реализира трансферот на 23-годишниот фудбалер на Рома, Никола Заниоло во редовите на актуелниот италијански шампион Милан.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Прво беше споменато дека Њукасл е заинтересиран за играчот кој во текот на кариерата забележа 11 настапи за италијанската репрезентација, притоа постигнувајќи два гола во националниот тим.




Сепак, Заниоло сака да остане во италијанската Серија А бидејќи Милан подготвил сериозна понуда.




„Росонерите“ сакаат прво да го доведат Заниоло на позајмица, со обврска на лето да го откупи договорот вреден 22.000.000 евра. Италијанците пишуваат дека римскиот клуб ќе ја прифати оваа понуда и ќе се сврти кон Хаким Зијеш од Челзи.




Заниоло веќе подолго време најавува заминување од Рома, незадоволен е од новиот договор што го нуди „волчицата“, а не е ни во пријателски односи со навивачите. Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто и тренерот Мурињо веќе потврдија дека фудбалерот сака да си замине.



