Дома Трансфер зона Роналдо од Ал Наср сака да направи „мини Реал Мадрид“

Роналдо од Ал Наср сака да направи „мини Реал Мадрид“

Во овој преоден рок Кристијано Роналдо направи изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија во редовите на Ал Наср.

Пребогатиот клуб го доведе Португалецот со богата понуда која тешко се одбива, меѓутоа медиумите пишуваат дека Роналдо ќе има влијание и во трансфер политиката на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Роналдо потпиша за Ал Наср многу негови поранешни соиграчи од Реал Мадрид се поврзуваат со овој клуб.

Прво се пишуваше дека Ал Наср ќе се обиде да го доведе голманот Кејлор Навас кој го бранеше голот на Реал Мадрид во златната генерација на „кралевите“. Но, сега таа информација се дополнува со најавата дека Ал Наср ги сака Серхио Рамос, Пепе и Марсело.

Рамос и Навас се во ПСЖ, Пепе и игра одлично во Порто, додека Марсело во залезот на кариерата е во грчки Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…