Дома Фудбал Англија Видиќ: Во Јунајтед сите пиевме кога освојуваме трофеи, па значи сме испиле многу

Видиќ: Во Јунајтед сите пиевме кога освојуваме трофеи, па значи сме испиле многу

Српскиот дефанзивец, Немања Видиќ остави длабока трага на „Олд Трафорд“, а сега откри и детали од соблекувалната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, стоперот на „црвените ѓаволи“ откри дека со соиграчите во Јунајтед испиле многу алкоxoл, но пиеле само кога освојувале трофеи.

Видиќ во Манчестер Јунајтед играше од 2006 до 2014 година и со овој клуб освои 15 трофеи, пет од нив беа во Премиер лигата.

„Сите заедно пиевме само кога освојуваме трофеи. Ако размислите и видите што сме постигнале ќе знаете дека сме испиле многу“, изјави Видиќ.

Покрај споментатите пет трофеи во Премиер лигата, Видиќ има и три во Лига Купот, пет во ФА Купот, една во Лигата на шампионите и една од Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …