Далас по едно продолжение славеше против Њујорк Никс со 126:121, а до победата дојде најмногу благодарение на неверојатниот настап на Лука Дончиќ.
На 33 секунди до крајот Никси имаа предност од 112:103 за потоа во драматична завршница да стигна до изедначување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Застана Дончиќ на линијата за слободни фрлања на 4.2 секунди, првиот шут го погоди, а вториот го промаши и и на секунда пред крајот дојде до топката и погоди за 115:115.
Во продолжението повторно беше најдобриот во својот тим и постигна седум поени со што го предводеше Далас до триумф.
Мечот го заврши со неверојатен трипл-дабл од 60 поени, 21 скок и 10 асистенции. Ова беше настап за историја на словенечката ѕвезда.
Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигна трипл-дабл со 60 или повеќе поени, 20 или повеќе скока и 10 или повеќе асистенции. Исто така постави клупски рекорд кај Далас со 60 поени.
Ќе додадеме и дека Динвиди кај Далас постигна 25 поени, Кристијан Вуд 19 со 19 скока, додека кај гостите Квентин Гремс беше најрасположен со 33 поени. Џулиус Рендл оствари дабл-дабл од 29 поени и 18 скока.
Денвер на Јокиќ запиша победа против Сакраменто со 113:106 со што стигна до петтата последователна победа во НБА. Мајкл Портер Џуниор постигна 30 поени, Џамал Мареј додаде 25, а Јокиќ уфрли 20 поени со 11 асистенции и девет скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
рландо – ЛА Лејкерс 110:129
Вашингтон – Филаделфија 116:111
Бостон – Хјустон 126:102
Индијана – Атланта 129:114
Торонто – ЛА Клиперс 113:124
Мемфис – Феникс 1014
Оклахома – Сан Антонио 130:114
Далас – Њујорк 126:121 (прод.)
Голден Стејт – Шарлот 110:105
Сакраменто – Денвер 106:113