Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека очекува интересен меч против Манчестер Сити и најави дека во екипата повторно нема да биде Филипе Кутињо.
„Сити е исклучително силен и не смееме да им дозволиме да прават што сакаат. Двете екипи се силни во контранападите. Ќе биде навистина интересен меч и навистина уживам во подготовката“, истакна Клоп, пренесуваат британските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул утре од 13:30 гостуваат кај Сити во рамки на четвртото коло од ПЛ.
По три одиграни кола, Ливерпул е втор на табелата со седум бодови, колку што има и Сити на четвртата позиција.
Филипе Кутињо повторно нема да биде во тимот на Ливерпул иако играше за Бразил во текот на репрезентативната пауза.
„Имавме добар разговор. Беше добро располоѓен и уште подобро тренираше. Но, морам сам да донесам одлука. Во следните три недели имаме седум натпревари. така што нема да има многу време за тренинг“, истакна Клоп.
- „Пред да замине за Бразил, тој не тренираше околу три недели. Тоа значи дека мораме да се подготвиме за продолжението на сезоната, што е прилично тешко со нашиот распоред. Затоа одлучив да го изоставиме од екипата за Сити. Можеше да игра 15 или 20 минути, но мислам дека тоа нема никаква смисла. И тој се согласи со тоа. Беше добар разговорот“, заклучи германскиот стратег.