Манчестер Jунајтед неодамна го раскина договорот со Кристиано Роналдо, откако Португалецот имаше контроверзно интервју во кое го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.
Тен Хаг се обидел уште во летото да се ослободи од Роналдо кој не му се вклопува во системот, но сите обиди за трансфер биле неуспешни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените ѓаволите“ го нуделе Роналдо на позајмица, при што побарале од тимовите да платат само 17% од неговата плата која изнесуваше 450.000 евра неделно.
Интересно е тоа што никој не го сакал Роналдо, па на „ѓаволите“ не им остана друг избор освен да го раскинат договорот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.