Се поставуваше прашањето за иднината на Ханси Флик после елиминацијата на оваа селекција во групната фаза на Светското првенство.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но, сега стигна потврда дека Флик ќе остане на кормилото на оваа репрезентација и ќе го подготвува тимот за Европското првенство во 2024 година.




Првиот човек на германскиот фудбал, Бернд Бојендорф ја коментираше одлуката и даде нова шанса на поранешниот тренер на Баерн Минхен.




„Европското првенство во нашата земја во 2024 година претставува одлична можност за фудбалот во Германија. Нашата цел е на овој турнир да имаме спортски успех. Веруваме дека Флик може да се справи со тој предизвик“, изјави Нојенфорф




Ќе потсетиме, за Германија ова е второ Светско првенство во кое испаѓаат во групната фаза, истото им се случи и на Мундијалот во Русија пред четири години.



