Добро познатиот портал за фудбалска статистика „Софаскор“ го објави идеалниот тим во осминафиналните натпревари. Иако се елиминирани, сепак во тимот има по еден фудбалер од Јапонија и Шпанија.
Од Јапонија претставник е играчот од средниот ред Ендо кој одигра одлично против Хрватска.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сосема заслужено на голот е Домник Ливаковиќ кој одбрани три пенали на Јапонците, иако имаше сериозна конкуренција од Мароканецот Боно. Од шпанскиот тим место во средината доби Родри.
Нападот очекувано е предводен од Килијан Мбапе и Гонсало Рамош кој постигна хет-трик против Швајцарија. Рамош е и најдобро оцениот играч со 9.8.
ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА ОСМИНАФИНАЛЕТО