Дома Фудбал Репрезентации Јужна Кореја остана без селектор по поразот од Бразил

Јужна Кореја остана без селектор по поразот од Бразил

Пауло Бенто во иднина нема да биде селектор на Јужна Кореја. Со вчерашниот пораз од 4:1 заврши неговиот мандат на клупата на оваа репрезентација.

Бенто на клупата на Јужна Кореја е веќе четири години откако дојде во 2018 година. За Корејците секако е добар резултат осминафиналето на Мундијалот каде што беа запрени од Бразил.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Оставката не е поврзана со резултатот затоа што Бенто уште пред почетокот на Светското првенство најави дека заминува од клупата. За Бенто ова беше втор селекторски предизвик откако претходно ја водеше Португалија од 2010 до 2014 година.

Во клупската кариера ги водеше Крузеиро, Олимпијакос и Чонгинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим ги разбесни навивачите на Јунајтед – се бара негов отказ!

Тоа беше мрачно неделно попладне за Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед, кои го напуштија ст…