Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шок за Бразил: Нејмар го пропушта остатокот од Мундијалот

Шок за Бразил: Нејмар го пропушта остатокот од Мундијалот

Ситуацијата со повредата на Нејмар изгледа посериозна отколку се сметаше на почетокот, пренесуваат бразилските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѕвездата на Бразил се здоби со повреда на глуждот во првиот меч против Србија. Поради тоа ќе ги пропушти останатите два дуели во групата, а најверојатно и осминафиналето.

Денес вестите се уште позагрижувачки за „кариоките“ и според медиумите Нејмар има оштетување на лигаментите. Доколку тоа се покаже како точно, тогаш ќе мора да одмара уште три недели.

Тоа значи дека во најдобар случај Нејмар може да се врати во евентуалното финале на Мундијалот.

Од таборот на бразилската репрезентација во моментов не објавуваат никакви официјални рокови, но прогнозите се дека може да го пропушти остатокот од Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Прв меч за Меси по финалето на СП – остана без победа со автогол на Каземиро на дебито (Видео)

Лионел Меси се врати на теренот за прв пат по поразот на Аргентина во финалето на Светскот…