Дома Фудбал Репрезентации Ривалдо: Бразил без проблем треба да победи на сите три натпревари во групата

Ривалдо: Бразил без проблем треба да победи на сите три натпревари во групата

Репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во Катар влегува како еден од најголемите фаворити покрај нивниот голем ривал од Јужна Америка, Аргентина.

Очекувањата во бразилската јавноста се големи, а првенството го стартуваат во четврток со натпреварот против селекцијата на Србија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред овој натпревар во бразилската јавност се огласи и легендарниот Ривалдо, кој порача дека не треба да се доведува во прашање дали Бразил ќе победи на сите три натпревари во групата.

„Ние сме силна репрезентација со голем квалитет и не треба да имаме проблеми во групната фаза. Гледајќи го нашиот квалитет треба да победиме на сите три натпревари без никакви проблеми“, изјави Ривалдо.

Покрај Србија, Бразил е во група со Швајцарија и Камерун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…