Дома Македонски спорт Француски клуб го сака Бојан Миовски!

Француски клуб го сака Бојан Миовски!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски оваа сезона игра одлично во екипата на Абердин и по 14 настапи во шкотската елита веќе има постигнато 10 голови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговите голови привлекоа интерес од францускиот тим Ремс кој го следи секој негов чекор и го гледа како потенцијално засилување за следното лето.

Ремс има проблеми со Фоларин Балогун, кој игра на позајмица кај нив и не се знае дали ќе остане, па затоа бараат алтернатива и една од нив е Миовски.

Миовски, според „Трансфермаркт“ вреди околу 700.000 евра, но Абердин дефинитивно ќе бара многу повеќе пари за потписот на македонскиот напаѓач кој летово го ангажираа од МТК за 624.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Крај на една ера: Ван Дајк си заминува, кажа „да“ на друг гигант!

Вирџил Ван Дајк по осум години најверојатно ќе го напушти Ливерпул. Холандскиот стопер веќ…