Последното интервју кое го даде Златан Ибрахимовиќ за француски „Канал+“ крена голема прашина, бидејќи Ибра повторно немаше влакна на јазикот.




Ибрахимовиќ потсети дека му даде поддршка на Бензема во 2018 година кога беше избркан од репрезентацијата на Франција и не беше повикан за Светското првенство.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Познато е дека причината за ова е познатиот секс-скандал со Валбуена, поради кој Бензема беше исфрлен од репрезентацијата, а во тоа време Ибрахимовиќ беше еден од ретките кои застанаа на негова страна.




„Се сеќавате ли во 2018 година кога реков дека Карим Бензема заслужува место во француската репрезентација, а вие новинарите ме нападнавте. Што велите сега? Сега му лижете го лижете задникот на Бензема! Не се плашам од овие зборови“, рече Ибрахимовиќ.