Дома Топ вести Наполи ја одреди цената на Кварацхелија и ги шокира гигантите

Наполи ја одреди цената на Кварацхелија и ги шокира гигантите

Наполи оваа сезона игра фантастично, а еден од играчите кој остави најсилен впечаток е сигурно Квича Кварацхелија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грузиецот има 8 гола и 8 асистенции од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Медиумите пишуваат дека, англиските гиганти Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи го следат Кварацхелија и сакаат да го донесат во своите редови.

Наполи не сака да го продаде во јануари, но на крајот на сезоната е спремен да го пушти, но само под услов доколку некој од заинтересираните клубови искешира 100.000.000 евра.

Тоа  е 10 пати повеќе од сумата која Наполи ја плати ова лето да го доведе Грузиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…