Дома Фудбал Роналдо бил разочаран од однесувањето на соиграчите

Роналдо бил разочаран од однесувањето на соиграчите

Кристиано Роналдо го опишал своето враќање на „Олд Трафорд“ како „катастрофално“ во новата книга „Меси VS Роналдо, едно ривалство“.

Роналдо бил шокиран од недостатокот на инвестиции во тренинг центарот на клубот, но и од однесувањето на неговите соиграчи.

Според книгата, која излегува од печат следниот месец, Роналдо се пожалил на член на ФИФА на висока позиција посебно за преодниот тренер Ралф Рангник, но и за недостатокот на прогрес во клубот кој го напушти во 2009 година.

Оваа сезона со новиот менаџер работите за Роналдо се уште полоши, па се очекува во јануари тој да го напушти Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…