Дома Останати Тенис Федерер има една голема желба: Дабл со Рафа за крај!

Федерер има една голема желба: Дабл со Рафа за крај!

Роџер Федерер на „Лајвер Купот“ во Лондон ќе го одигра последниот натпревар во својата неверојатна кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веројатно најпопуларниот тенисер во историјата и сопственик на 20 гренслем титули во кариерата на теренот за последен пат ќе излезе во петок во меч во дабл конкуренција.

Иако се уште не е одредено кој ќе му биде партнер, Швајцарецот не ја крие желбата.

„Би сакал да играм во пар со Рафа. Тоа за последен меч во кариерата апсолутно би било остварување на сонот“, изјави Федерер.

На прашањето дали постои можност како Том Брејди во американскиот фудбал да се предомисли и да се врати на терените Федерер беше јасен.

„Нема шанси да се вратам. Ова ќе биде мој последен турнир на кој учествувам како професионален играч“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…