Британскиот боксер Ентони Џошуа истакна дека во декември ќе биде подготвен да се бори против сонародникот Тајсон Фјури, кој претходно го предизвика за „Битка за Британија“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фјури е сопственик на ВБЦ-појасот во тешка категорија, а во моментов е во пензија од која планира наскоро да излезе.




„Џошуа, знам дека неодамна загуби од Усик и немаш планови, па подготвен сум да се борам со тебе за ВБЦ-титулата во следните месеци. Подготвен си, излези на борба од 12 рунди и ако си заинтересиран, ќе одредиме датум и ќе се бориме“, изјави Фјури




По тоа пристигна позитивен одговор од Џошуа, кој се согласи на такво нешто.
Фјури во кариерата има 33 борби и 32 победи, како и едно реми против Деонтај Вајлдер.