Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека е сигурен дека домаќинството за Светското првенство во 2023 година ќе го добијат Шпанија и Португалија.
„Сигурен сум дека Мундијалот во 2030 година ќе се игра во Шпанија и Португалија – две земји кои го живеат и чуствуваат фудбалот“, изјави Чеферин и потврди дека и самиот се залага за тоа.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„Ќе направиме се што е можно за да им помогнеме на овие држави, чија страст е фудбалот, кои живеат и дишат за фудбал, а имаат одлична инфраструктура“, додаде Чеферин.
Шпанија веќе предложи 15 града каде би можело да се игра СП, а од нив ќе бидат избрани 11, додека Португалија ќе учествува само со 3 града.