Дома Фудбал Дали Оливер Кан ја исмејуваше Барселона? 🎥

Дали Оливер Кан ја исмејуваше Барселона? 🎥

Ждрепката за Лигата на шампионите сакаше Барселона и Баерн Минхен да играат заедно во групата Ц, а интересна реакција во тој момент имаше Оливер Кан.

Кан се насмевна по извлекувањето на Барселона, а оваа негова реакција многумина ја пренесуваа како исмејување на каталонскиот гигант.

Во изјава за „Билд“ Кан се обиде да објасни дека не се работело за никакво исмејување.

„Мојот гест беше погрешно разбран. Левандовски не напушти пред само неколку недели и потпиша за Барселона, сега ждребот не спои. Се насмевнав само затоа што судбината сакаше толку брзо повторно да не спои. Имам почит за Роберт и Барселона, верувам дека натпреварите ќе бидат уживање за фудбалските фанови“, изјави Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балoгун го одби Евертон, сега е прв на јануарската листа на Јувентус

Според „Тутоспорт“, Јувентус го ставил напаѓачот на Монако на врвот на своите желби за јан…