Њукасл продолжи со скапите засилувања, па денеска го промовираше шведскиот напаѓач Александер Исак кој доаѓа од Реал Сосиедад за 65 милиони евра плус пет милиони во бонуси.
Исак потпиша договор со премиерлигашот, по што беше претставен на „Сент Џејмс Парк“, каде што ќе се очекуваат голем број голови од него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Премиерлигашот претходно се засили со Мет Таргет, Ник Поуп и Свен Ботман, па тимот се надева на висок пласман оваа сезона и борба за Европа.
HERE. WE. GO. 🇸🇪 pic.twitter.com/FTdo8vQfW4
— Newcastle United FC (@NUFC) August 26, 2022
Коментари