Дома Трансфер зона Барселона ќе го испрати Умтити во Лече, но нема ништо да заработи?!

Барселона ќе го испрати Умтити во Лече, но нема ништо да заработи?!

Самуел Умтити е еден од фудбалерите од кого Барселона сака да се ослободи за да ја среди ситуацијата со Жил Кунде кој се уште нема право за настап. Барса има право да го регистрира уште 10 дена.

Од Умтити Барселона се обидува да се ослободи подолго време, но на Каталонците не им оди баш во намерата. Најголемата причина поради која Барселона сака да се ослободи од Умтити е неговата голема плата од 20 милиони евра пшо сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните денови Умтити се поврзуваше со повратникот во Премиер лигата, екипата на Лече. Во Лече Умтити може да биде испратен на позајмица, но од таа позајмица Барса не би добила ништо, единствено некој бонус во зависност како тој ќе одигра.

Додека Умтити е во Лече Барселона наводно би продолжила да му ја исплаќа платата, а за позајмицата Лече нема да плати ништо. „Скај Спорт“ најавува дека трансферот може уште утре да се комплетира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…