Дома Македонски спорт И Црвена Звезда се прости од Дојчиновски

И Црвена Звезда се прости од Дојчиновски

Во својата 78 година почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите македонски фудбалери во историјата.

Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име кои во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од Светските фудбалски првенства. Тој беше дел од Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, тогаш како фудбалер на белградска Црвена Звезда.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде како тренер и ја заврши својата кариера. Играше за Црвена Звезда и француските Троја и Париз. Како тренер работеше во Ел Салвадор, каде што беше и селектор, а ги предводеше и Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница (Ш), Брегалница (Д) и неколку тима од Ел Салвадор.

Од Дојчиновски денес преку видео на социјалните мрежи се прости и Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…