Дома Македонски спорт Мак фудбал Тажна вест: Почина првиот Македонец кој настапил на Светско првенство

Тажна вест: Почина првиот Македонец кој настапил на Светско првенство

Денес тажна вест ни пристигнува од македонскиот фудбал, почина Кирил Дојчиновски кој важи за едно од најголемите имиња во нашата фудбалска историја.

Дојчиновски почина на 78 годишна возраст, а зад себе остави трага не само во југословенскиот фудбал туку и пошироко. За Македонија ќе остане запаметен како првиот Македонец кој заиграл на едно Светско првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој настапи на Мундијалот со Југославија во 1974 година кој се одржуваше во Западна Германија. Роден е на 14-октомври, а почетоците ги имаше во Вардар каде што одигра пет сезони од 1962 до 1967 година. Тогаш преминува во Црвена Звезда и поминал седум години бо белградскиот гигант.

Професионално фудбал и тоа во најсилните лиги играл и во четвртата деценија, прво во Троја (1974/1975) и ФК Париз (1975/1977). Стандарден репрезентативец на Југославија беше во период од 1970 до 1974 година.

Како тренер започна со селекторска позиција во Ел Салвадор, потоа го водеше Вардар, па следуваше враќање враќање во егзотичната земја во тимот на Луис Фирпо со кој стана двократен шампион. Работеше уште во Ираклси, Пелистер, Македонија ЃП, Брегалница Делчево и Брегалница Штип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…