Сигурно дека како фудбалерите на Вардар така и сите во Македонија со нетрпение ги очекуваме настапите на македонскиот шампион во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Ждрепката во Монако сакаше Вардар да се најде во групата Л, заедно со уште Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг, јасно е најмали шанси за пласман во следнат фаза му се даваат токму на нашиот претставник, но зошто Вардар да не изненади повторно…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна пак Зенит и Реал Сосеидад се помеѓу првите десет кандидати за освојување на ова натпреварување.
Сосема очекувано први фаворити за освојување се Милан и Арсенал, додека според проценките на букмејкерите нашиот претставник за освојување на Лигата на Европа доби коефициент од 151, како и тимовите Бате Борисов, Ријека, Зулте Варагем, Викторија Плзен…