Дома Трансфер зона Јувентус спреми понуда за Фирмињо

Јувентус спреми понуда за Фирмињо

Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата ѕвезда од нападот, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


30-годишниот Бразилец влезе во последната година од договорот со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.

Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим, а после доаѓањето на Дарвин Нуњес јасно е дека за него повеќе нема место во тимот.

За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Јувентус.

„Бјанконерите“ се спремни да понудат 25 милиони евра за Бразилецот, а токму толкава е сумата која Ливерпул ја бара за неговата слобода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…