Дома Трансфер зона Јувентус спреми понуда за Заниоло

Јувентус спреми понуда за Заниоло

Јувентус се вклучи во битката за потписот на ѕвездата на Рома, Николо Заниоло, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бјанконерите“  сакаат да ја засилат крилната позиција, а поради фактот што се комплицира трансферот на Ди Марија, сега ќе се насочат кон Заниоло.

Рома е спремна да го продаде Италијанецот, но за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Јувентус сака да ја намали така што ќе вклучи некој свој играч.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ спремаат прва понуда од 25 милиони евра плус еден играч, Артур или Мекени.

Рома првично сакаше само кеш за својата ѕвезда, но наводно е спремна да ја прифати понудата, бидејќи Артур е голема желба на Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…