Македонскиот шампион успеа да ги издржи првите 45 минути на пеколната атмосфера во Турција.
Момците на Чедомир Јаневски сосема добро се држат, Фенербахче е тимот кој ја има топката, но сепак Турците не успеваат лесно да стигнат до нашиот гол. Во главно се обидуваа со удари од далечина преку Мехмет Топал и Робин Ван Перси, нешто посериозни напади создаваа во финишот од полувремето но за наша среќа сето тоа остана само на обиди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Фенербахче беше тимот кој ја имаше играта, македонскиот шампион во финишот ја пропушти најдобрата шанса на натпреварот кога Барсегјан ја погоди стативата од голот на Камени.
Барсегjaн за молк на стадионот…
Posted by Спортски вести on Donnerstag, 24. August 2017