Дома Фудбал Објавен распоредот во Ла Лига, Столе уште во првото коло гостува на „Камп Ноу“

Објавен распоредот во Ла Лига, Столе уште во првото коло гостува на „Камп Ноу“

Денес е соопштен распоредот во шпанската Ла Лига, а „жешко“ отварање ќе има македонскиот голман Столе Димитриевски.

Во првото коло Столе и неговиот Рајо ќе и гостуваат на Барселона на „Камп Ноу“. На последното гостување во Ла Лига на „Камп Ноу“ Столе беше херојот на Рајо со одбранетиот пенал на Мемфис Депај.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Првите натпревари во Ла Лига се закажани за на 14. август.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа ќе стартува против Алмерија на гостински терен. Големите дерби средби или „Ел Класико“ ќе се играат на 16. Октомври на „Сантијаго Бернабеу“ и 19. март на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го победи Атлетико, ПСЖ го порази Леверкузен

Арсенал постигна импресивен успех со 4:0 против Атлетико Мадрид во натпревар од третото ко…