Дома Фудбал Репрезентации Миовски: Разочарани сме, беше неочекувано дома да изгубиме 0:3

Миовски: Разочарани сме, беше неочекувано дома да изгубиме 0:3

Mакедонската репрезентација денес тренираше на терените на ФФМ после вчерашниот пораз од Грузија со 0:3. Благоја Милевски со своите момци ќе мора брзо да ги среди мислите и да се насочат кон следниот натпревар кој ги чека веќе во недела против Гибралтар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред овој натпревар на дешениот тренинг своја изјава даде напаѓачот Бојан Миовски.

„Нема лесни противници, видовме дека Гибралтар одигра 1:1 со Бугарија и тоа е доказ дека се солидна селекција. Треба да дадеме максимум и пристапот да биде исто како со секоја друга репрезентација, така верувам дека ќе победиме убедливо“.

„Разочарани сме од поразот од Грузија, неверојатно и неочекувано беше да загубиме дома со 0:3. Доминиравме во првиот дел и ако постигневме гол тоа ќе беше сосема друг натпревар. Кога примивме гол се тргна во лоша линија. Мора да извлечеме поука од овој пораз, да ги анализираме грешките и да ги залечиме раните со Гибралтар“, изјави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чудна изјава на Халанд: Франција ќе нè победи и ќе го освои Мундијалот (Видео)

Ерлинг Халанд игра одлично на ова Светско првенство. Одличниот напаѓач на Норвешка веќе по…