Дома Топ вести Ѕвездата на Наполи ја одби Барса: Сите сонуваат за Барселона, јас за Наполи!

Ѕвездата на Наполи ја одби Барса: Сите сонуваат за Барселона, јас за Наполи!

По заминувањето на Нејмар во ПСЖ, Барселона бара напаѓач кој најдобро би можел да го замени Бразилецот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако три пати беа одбиени за Кутињо и Дембеле и не успеаја да се договорат со Сери од Ница, „каталонците“ планираат да испратат понуда за најдобриот фудбалер на Наполи, напаѓачот Лоренцо Инсиге.

„Ми годи тоа што медиумите ме селат во Барселона, доколку не го донесат Кутињно. Но, мојот сон е секогаш е да победувам носејќи го овој дрес. Секако, сите фудбалери сонуваат да играат во Барселона, но јас сонувам засекогаш да играм во Наполи“, вели Инсиге.

Покрај Барселона, Инсиге беше поврзуван со трансфер во Челси, ПСЖ и Манчестер Сити, но сепак тој ќе остане „верен“ на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…