Напаѓачот на Евертон и бразилски репрезентативец, Ричарлисон ова лето сигурно ќе го напушти клубот.
Бразилецот е на мета на неколку европски клубови и веќе го известил раководството на „карамелите“ дека сака трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон имаше лоша сезона и се бореше за опастанок, а Ричарлисон сака да направи чекор напред и да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.
Сериозен интерес за него покажува Челзи, бидејќи голема е веројатноста лондончани да се разделат со Ромелу Лукаку и да бараат негова замена.
И Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата, бидејќи Анлелоти одлично го познава Бразилецот и верува дека ќе биде одлична алтернатива за Бензема.
Напаѓачот има договор до 2024 година, а Евертон за неговата слобода бара 60 милиони евра.