Дома Фудбал Салах: Би ги менувал сите награди за да го преиграм дуелот со Реал

Салах: Би ги менувал сите награди за да го преиграм дуелот со Реал

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах призна дека е спремен да ги смени сите индивидуални награди кои ги освои сезонава за можноста повторно да одигра финале во ЛШ против Реал Мадрид.

Салах беше прогласен за плејмејкер на сезоната во Премиерлигата, а ја подели и „Златната копачка“, затоа што имаше ист број голови со Хеунг-мин Сон од Тотенхем.

Неговиот Ливерпул загуби во финалето од ЛШ од Реал Мадрид, а Салах би дал се за да може да го преигра тој натпревар.

„Нема да заборавам дека добив награди од новинарите и навивачите. Сепак, би ги менувал сите признанија за шансата повторно да го одиграм финалето во Лигата на шампиони“, кажа Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќта кога пукна во Селтик: Роџерс замина, О’Нил се врати од пензионерскиот мир

Пред точно една година, оставката на Брендан Роџерс го потресе Селтик, а клубот побара при…